September 29, 2022, 9:24 pm

Учењето стана привилегија на богатите: Од септември електронски учебници, тие што немаат компјутери ќе се снаоѓаат како знаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците од септември ќе учат од електронски учебници. Хартиените учебници ќе се користат само од прво до трето одделение. Ова се предвидува со предлог измените на Законот за учебници кои владата веќе ги усвои како чекор кон како што велат подобрување на квалитетот во основното и средното образование.

На ваков начин надлежните очекуваат да се наминат сегашните проблеми со учебници кои ги учат децата дека власта е моќна, а граѓаните покорени, наставни содржини кои ја потчинуваат жената и дискриминираат и навредуваат одредени етнички заедници во земјава, технички и граматички грешки и стари и искинати ученици од кои се учи и по неколку години.

Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината за спречување на влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид, се вели во владиното соопштение.

Наместо еден, учениците ќе имаат можност за избор на повеќе учебници за еден предмет, кои и натаму ќе бидат достапни бесплатно.

Ова е само една од реформите кои МОН ги најавува од следната учебна година, кога се очекува да стартува и новиот концепт за основно образование со целосно нови наставни програми за прво и четврто одделение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This