дома Македонија УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО АНТИКОРУПЦИСКА:Јавното обвинителство отвори истрага

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО АНТИКОРУПЦИСКА:Јавното обвинителство отвори истрага

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка од функцијата. Претходно оставка поднесоа и претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски како и нејзиниот член, Горан Миленков.

 

Тие се повлекоа од функциите откако беше објавен ревизорскиот извештај во кој се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари. Јавното обвинителство отвори истрага за наводите на ревизорите.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски го поздрави таквиот чекор на антикорупционерите и порача дека е добро што дошло време да се поднесуваат оставки од морални причини.