дома Хроника Уште осум нeисправни возила за јавен превоз откриени во Тетово

Уште осум нeисправни возила за јавен превоз откриени во Тетово

Осум санкции за неисправни возила што вршат јавен превоз на територија на СВР Тетово

Денеска (1.12.2021) од 8 до 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се вкупно осум неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5).Шест од нив (ТЕ-3 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, 1(ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед.Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни орекршоци ТЕ-2 и ГВ-2).