дома Балкан УШТЕ СЕ БРОЈАТ ЖРТВИТЕ: Расте бројот на загинати во разорниот потрес во...

УШТЕ СЕ БРОЈАТ ЖРТВИТЕ: Расте бројот на загинати во разорниот потрес во Турција

Бројот на жртви од земјотресот што со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала вчера ја погоди Турција се искачи на 31, бројот на повредени е 1.556 додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на градот Сирвиџа, на длабочина од 6,7 километри.

По најсилниот потрес, следуваа уште два со јачина од 5,4 и 5,1 степени. Провинцијата Елазиг се наоѓа на 750 километри источно од Анкара.