дома Економија УЈП ЌЕ ГИ КАЗНУВА ТРГОВЦИТЕ: Казни за неиздавање фискални сметки!

УЈП ЌЕ ГИ КАЗНУВА ТРГОВЦИТЕ: Казни за неиздавање фискални сметки!

Управата за јавни приходи издаде нова верзија на брошурата „Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања“ за 2018 година која е наменета да обезбеди насоки за даночниот обврзник како да воведе фискален апарат, но и претставува водич како да се разрешат проблемите со кои се среќаваат во практиката, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискални сметки.

Оттаму апелираат даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со законот за регистрирање на готовинскиот промет, со цел избегнување на казни.

УЈП спроведува засилен мониторинг на готовинскиот промет на терен во делот на фискализацијата.