У6иeниoт Камер Идризи e yчecник вo инцидeнтoт вo х.Александар Пaлac вo 2019-тa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицето убиено синоќа во вооружената престрелна во скопската населба Бутел, е 43-годишниот Камер Идризи, лице познато на полицијата.

Во пукањето е повреден и сопатникот од авомобилот на Идризи. Во болница е пренесен и 22-годишниот Е.И од Арачиново, кој бил во автомобилот на Камер во моментот кога непознати лица пукале со автоматско оружје.

Камер Идризи, како што информира полицијата, починал на пат кон болницата, додека 22-годишникот од Арачиново бил хоспитализиран со шест куршуми и се бори за живот

Инцидентот се случил околу 22.00 часот на паркингот на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, во Бутел, кога над 80 куршуми биле испукани кон автомобилот „голф“ во кој биле Камер и младиот арачиновец, кој неофицијално бил негов внук.

Инаку, Камер Идризи стана познат на пошироката јавност во 2019 година, кога неколку маскирани лица испукаа десетици куршуми кон него во хотелот Александар Палас во Скопје.

Бројни фотографии од Камер со високи функционери на СДСМ може да се видат на неговиот Фејсбук профил.

Извор: koha.mk

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This