дома Свет У6иeн шeфoт нa иpaнcкaтa нykлeapнa пpoгpaмa

У6иeн шeфoт нa иpaнcкaтa нykлeapнa пpoгpaмa

Началникот на иранската нуклерана програма Мохсен Фахризаде е убиен во близина на Техеран, потврди Иранското министерство за одбрана.

Според соопштението, тој бил убиен во терористички напад додека се возел во автомобил заедно со неговите телохранители. Се наведува дека имало пукање, а при размена на оган меѓу неговите телохранители и терористите, Фахризадех бил тешко повреден и итно пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал Мохамад Багери, предупреди денеска дека страшна одмазда ги чека луѓето кои стојат зад атентатот на високиот ирански научник специјализиран во нуклеарниот сектор.

Иран го обвини Израел за убиството на водечкиот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризадех.