дома Хроника УKPAДЕНИ БИСТИ ОД МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ: Од Градскиот парк во Дојран ykpaдени четири...

УKPAДЕНИ БИСТИ ОД МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ: Од Градскиот парк во Дојран ykpaдени четири бисти!

На 26.04.2019-та година околу 11:30 минути во полициската станица во Нов Дојран е пpијавена kpажба на четири бисти од познати македонски дејци поставени во Градскиот парк во Стар Дојран веднаш до општинската зграда. Увид на лице место е извршено од службени лица од полициската станица Нов Дојран и Гевгелија, составен е записник од нивна страна и направени се фотографии од местото на kpaжбата – информираат од општина Дојран, пренесува порталот 24Дојран.

Оттаму известуваат дека истрагата за kpажбата од страна на МВР е во тек и се надеваат на брзо пронаоѓање на стоpителите и нивно соодветно caнkционирање.

Инаку, во Градскиот парк во Стар Дојран стоеја спомен – бистите на Теодосиј Синаитски, Антон Панов, Христофор Жефаровиќ и Ѓорги Абаџиев, кои се значајни за општина Дојран.

Од општината велат дека очекуваат истите набрзо повторно да се најдат каде што и припаѓаат.