дома Свет Уkpaдено оклопно воено возило „Хамви“ вредно 120.000 долари од Националната гарда во...

Уkpaдено оклопно воено возило „Хамви“ вредно 120.000 долари од Националната гарда во Лос Анџелес

Во југоисточниот дел на градот е пронајдено оклопно воено возило „Хамви“ вредно 120.000 долари, украдено од зградата на Националната гарда во Лос Анџелес, објави Федералното биро за истраги (ФБИ).

Не е јасно дали возилото е оштетено, пренесува Ен-Би-Си Лос Анџелес.

Според изјавата на портпаролката на ФБИ Лори Амилер, кражбата се случила пред пет дена.

Возилото е пронајдено под надвозникот, во близина на булеварот Бандини во Вернон, во средата наутро.

ФБИ понуди награда од 10.000 УСД за информации што можат да помогнат да се најдат.

Кражбата може да резултира со 10-годишна федерална затворска казна.

Многумина изразија изненадување што воено возило за маскирање може да биде украдено од воен објект и не може да се најде толку подолг период, според Ен-Би-Си, пренесува Танјуг.