дома Актуелно „ФАЦ“: Заев и Новата влада на СДСМ ќе го сменат името...

„ФАЦ“: Заев и Новата влада на СДСМ ќе го сменат името на скопскиот аеродром по локалните избори

„Не под ова име“- е насловот на широката анализа која денеска ја објавува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Во однос на можноста за преименување објектите, како автопатот или аеродромот во Скопје, кои Атина ги смета за провокативни, ФАЦ повикувајќи се на „добро информирани извори во Скопје“, тврди дека такво нешто ќе се случи и тоа по локалните избори во октомври.

„Можно е македонската влада по локалните избори да се одлучи на таков чекор и да го преименува аеродромот со некоја географска одредница или, на пример, во Мајка Тереза“, пишува ФАЦ.

Лицитирајќи со можните имиња кои државата би можела да ги добие при евентуален договор, весникот како примери ги наведува „Нова Македонија и Горна Македонија“, но притоа дополнува дека името на државата и не е најголемиот проблем, туку барањето на Атина да се сменат и името на народот и на јазикот.