October 6, 2022, 9:28 pm

Фајзер ги соопшти првичните податоци од испитувањето за давање третата доза од вакцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фајзер и Бионтек ги доставија до американските регулатори првичните податоци од испитувањето во рана фаза за да бараат одобрение за засилена доза на нивната вакцина против Ковид, соопштија производителите, пренесе Ројтерс.

Третата доза покажува значително повисоки неутрализирачки антитела против почетниот вирус Сарс-Ков-2, во споредба со двете дози, како и против бета и многу најзаразната варијанта досега, Делта.

Фајзер соопшти дека ефикасноста на вакцината опаѓа со текот на времето. Некои држави, како Израел, веќе ги започнаа плановите за давање трета доза. Меѓутоа, одлуката на неколку богати земји да купат засилувачи предизвика бес кај здравствените активисти и СЗО, која повикува на мораториум на трета доза, барем до септември.

Во испитувањето, сите пациенти добиле трета доза осум до севет месеци по втората доза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This