December 1, 2022, 8:31 pm

Фајзер се налути – Белгија ја објави цената на вакцината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бајонтек“, чија вакцина против Ковид 19 беше за првпат одобрена од западните регулатори, се меѓу групата добавувачи на вакцини на Европската унија, вклучително и Белгија.

Портпаролката на американскиот производител на лекови „Бенелукс“, Елизабет Шрапен, за белгискиот дневен весник „Ле Соар“ изјави дека објавувањето на деталите претставува кршење на трговските тајни.

„Тие цени во договорот со Европската комисија се опфатени со клаузула за доверливост“, рече Шрапен.

Табелата накратко објавена од Де Бликер покажува дека белгиската влада платила 12 евра по доза и купила околу пет милиони дози вакцини од „Фајзер“.

Информирани извори за Ројтерс изјавија дека ЕУ се согласила да плати 15,50 евра по доза вакцина.

Во белгиската цена не се вклучени стотиците милиони евра неповратни депозити што ЕУ ги плаќа на производителите за да обезбедат вакцини, изјави претставник на ЕУ за Ројтерс.

Владите на ЕУ го плаќаат остатокот од износот кога ќе ги нарачаат своите дози.

„Не можеме да кажеме ништо за овој случај, сè што е поврзано со вакцините и цените е покриено со клаузули за доверливост, во интерес на општеството и во интерес на тековните преговори“, изјави во петокот портпаролот на Европската комисија пред новинарите.

Главната асоцијација на белгиски производители на лекови соопшти дека смета дека истекувањето е „сериозно кршење на клаузулата за доверливост“ што и штети на владата.

Европската агенција за лекови објави дека комитет на експерти ќе се состане на 21 декември за да ја анализира вакцината „Фајзер“ и „Бионтек“, а вакцинацијата може да започне во ЕУ на 27 декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This