February 6, 2023, 3:49 am

Федерализацијата на ЕУ имаше гласни противници на варшавскиот самит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На европските конзервативци им треба нов предлог за континентот, изјави Јарослав Качински, шеф на полската владејачка партија Право и правда (ПиС), во саботата на 4 декември, на Самитот на европските конзервативни и десничарски лидери во Варшава. Качински, исто така, ги критикуваше неодамнешните трендови кои го фаворизираат чекорот кон пофедерална ЕУ. Пренесува Еуроактив.

ПиС покани тринаесет лидери на европските конзервативни партии, вклучително и унгарскиот премиер Виктор Орбан, лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен и полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Состанокот во Варшава имаше за цел да донесе промени во Европската унија, за која националистичките и популистичките партии велат дека ги поткопува суверените национални држави.

Јарослав Качињски рече дека Европа денеска застана пред „новите предизвици“ и ги критикуваше трендовите на федерализација во ЕУ, за што ја обвини Германија. Тој предупреди дека федерализираната ЕУ ќе ја ограничи независноста на нејзините членки.

„Учесниците разговараа за поблиска соработка меѓу нивните партии во Европскиот парламент“, стои во соопштението.

Тоа би вклучувало „организирање заеднички состаноци и усогласување на гласовите за заеднички прашања, како што се заштитата на суверенитетот на земјите-членки и ставот за илегалната имиграција“, се додава.

Ле Пен рече дека се надева дека може да се формира единствена група на Европскиот парламент, втора по големина сила по централно-десничарската Европска народна партија.

Но, има уште долг пат да се помине, а забележливо беше отсуството на потенцијални сојузници, Матео Салвини, лидер на италијанската лига и Џорџија Мелони од Браќата на Италија.

Самитот следеше по состанокот на Моравјецки со Ле Пен минатиот октомври во Брисел – како прв лидер на земја од ЕУ – и посетата на Ле Пен на Будимпешта неколку дена подоцна, како дел од напорите за консолидирање на европската десница.

Ова зближување следи по долгогодишниот антагонизам поради блискоста на Ле Пен со рускиот претседател Владимир Путин. Радослав Фогиел, портпарол на ПиС, призна дека партиите не се согласуваат за сите теми, но дека најпрорускиот проект моментално во Европа е гасоводот Северен тек 2 поддржан од германската канцеларка во заминување Ангела Меркел.

Сепак, опозицијата во Полска го обвинува ПиС за зајакнување на соработката со проруските партии. „На Русија не и е грижа што екстремната десница е вербално антируска. Русија е заинтересирана да биде отворено анти-ЕУ, антиамериканска, анти-ЛГБТ, анти-вакцина, анти-бегалска, анти-…. што и да е – се додека тоа го поларизира општеството.

Во Полска, ПиС и Конфедерацијата дејствуваат во име на Русија, без разлика дали нивните лидери и електорат го разбираат тоа или не“, објави на Твитер Доналд Туск, лидер на главната опозициска партија во Полска, Граѓанска платформа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This