дома Спорт Федерер ги откри посебните ритуали со сопругата Мирка за натпреварите

Федерер ги откри посебните ритуали со сопругата Мирка за натпреварите

Најдобриот швајцарски тенисер Роџер Федерер, даде исклучително интересна изјава за неговата сопруга Мирка Вавринец.

Роџер и Мирка се во среќен брак од 2009 година. Мирка професионално се занимаваше со тенис до 2002 година, а најдобриот резултат во кариерата го оствари во 2001 година, кога стигна до третото коло на УС ОПЕН, а таа година го оствари и најдобриот пласман на ВТА листата, на 76. место.

Швајцарскиот тенисер обожава кога сопругата е со него на турнирите:

„Таа е мојата жена, едноставно јас не сум тој кога таа не е тука. Дури и кога е лошо или добро, таа е секогаш со мене. Сега е повеќе фокусирана на децата отколку на мојот тенис. Се случува некои денови да не знае ни со кого играм. И се јавувам по натпреварот, а таа ме прашува дали победив. Таа добро ме познава, и знае како се чувствувам телефонски односно дали сум добар. Таа знае што е потребно за мојот успех. Затоа ми е драгоцена и тоа мојот тим го знае“, истакна Федере.

Швајцарецот има 4 деца со сопругата Мирка, близацните Мила Роуз и Шарлин, и тригодишните близнаци Леа и Лени.