дома Економија ФЕНИ ДОБИ НОВ СОПСТВЕНИК ОД БАХАМИТЕ: Глобал сепшлс опортјунитис ќе стопанисува со...

ФЕНИ ДОБИ НОВ СОПСТВЕНИК ОД БАХАМИТЕ: Глобал сепшлс опортјунитис ќе стопанисува со ФЕНИ

Основниот суд Велес информише дека Апелациониот суд во Скопје го потврди Планот за реорганизација на „Фени индустри“ во стечај, со што „Глобал спешлс опортјунитис“ (ГСОЛ) од Бахами стана негов сопственик. 

,,Решението на Основен суд Велес за одобрување на Планот за реорганизација на стечајниот должник е правосилно и претставува извршна исправа, согласно со одредбите од Законот за стечај“, се вели во соопштението.

По речиси две години од сагата со стечајот на „ФЕНИ“, извршниот директор на новата компанија која ќе стопанисува, Маркос Камхис изјави дека ФЕНИ и годинава работел со што успеале да остварат извоз од 100 милиони долари и дека работниците редовно добивале плата.

Останува нејасно зашто УЈП поднела жалба до Апелацискиот суд во Скопје на Планот за реорганизација на „Фени“ во стечај, што беше прифатен во Основен суд Велес.