дома Македонија ФИЛИПЧЕ ВМЕШАН ВО PEKETOT: Ckандалозно признание на Орце Камчев во cyдницата

ФИЛИПЧЕ ВМЕШАН ВО PEKETOT: Ckандалозно признание на Орце Камчев во cyдницата

Драма во судницата во Кривичниот суд, штотуку Орце Камчев призна дека на една од средбите со Бојан Јовановски бил присутен министерот за здравство Венко Филипче. На конкретно прашање на Бојан Јовановски за една од средбите со Орце Камчев, сведокот одговори:

-Бев повикан во твојот дом на средба за да ми понудите одредена работа која што јас ја одбив.

-Дали ќе кажете кој беше присутен.=, потпраша Јовановски.

-Не би коментирал, одговори Камчев.

Одговорете истакна судијката која забележа дека тоа може да е битно.

-Беше присутна жената нова кај Бојан што работи, беше присутен Зоки Кичевскиот и беше присутен министерот за здравство, додаде Камчев.

Кој министер, потпраша Јовановски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговори Камчев.

По што судијката го прекори Камчев дека на тоа прашање веќе одговорил, односно немало потреба да го каже неговото име.

Дали во мое присуство јас вие и уште неколку присутни сме разговарале за надлежаната обвинителка во случајот Рекет, запраша Јовановски, мислејќи на Русковска.

Не, одговори Камчев по што судијката пак го прекина Јовановски.

Дали