дома Македонија ФИЛИПЧЕ ГО ОДДРЖА ВЕТУВАЊЕТО: Малиот Милош е прегледан и е во добра...

ФИЛИПЧЕ ГО ОДДРЖА ВЕТУВАЊЕТО: Малиот Милош е прегледан и е во добра состојба…Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист

Малиот Милош е во стабилна здравствена состојба а резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар.

Ова го соопшти министерот Венко Филипче на социјалните мрежи каде преку неколку фотографии докажа дека го исполни даденото ветување.

„Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист“, пишува министерот Филипче.

Овие денови се одвиваше и вистинска хумана мисија. Граѓаните самоиницијативно се организираа и му приредија вистинско изненадување.

Сторијата за девет годишниот Милош ја објави ТВ24.

На триесетина километри од Скопје, а отсечени од светот. Во домот на семејството Трајановски времето како да застанало пред половина век. Пред дваесет и две години во оваа куќа мајка му сама го родила неговиот брат. Милош пак, роден со болно срце, веднаш го однеле на операција во Бугарија. Од тогаш досега, девет години не направил никаков преглед, бидејќи и за тоа требаат пари.

Надлежните тврдат овие луѓе не се заборавени, иако социјалните служби не го најдоа ова семејство во нивниот систем.

*Фотографиите се одобрени од родител