дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: Доколку нема промени, учениците од септември ќе се вратат во училишните...

Филипче: Доколку нема промени, учениците од септември ќе се вратат во училишните клупи

Министерот за здравство венко Филипче во денешното гостување во „Саом вистина“ на Канал 5 истакна дека доколку нема позначајни промени во епидемиолошката состојба во Македонија, учениците ќе се вратат во училишните клупи.

„ Доколку продолжат трендовите и бројките и ситуацијата и понатаму е мирна, да учениците ќе се вратат во училиште без никакви рестрикции. Секако некои општи препораки ќе продолжат како често проветрување, отворен прозорец, а за маски согласно епидемиолошката слика во семптеври“, изјави министерот за здравство.