Финансиската полиција пред неколку недели влегла на скопската Клиника за ревматологија, за да ја испитаат последн сата набавка на лекот Мабтера, кој наводно е донесен преку паралелен увоз.
Првиот човек на клиниката потврди дека пред неколку недели финансиска полиција била кај нив на клиниката.
„Точно е дека финансиска полиција беше на клиниката и ја испитуваа последната набавка на лекот „мабтера“. Инспекторките разговараа и со мене, на секое нивно прашање одговорив. Ние имаме сертификат за квалитетот на лекот, кој е набавен од веледрогерија „Пановски“. Јас побарав од фирмата да се изјаснат за набавката на лекот, но се уште немам добиено ништо повратно од таму-тврди доктор Гучев.
Од Финансиската полиција велат дека во изминатите денови влегле на неколку клиники за проверки во однос на паралелен увоз на лекови.
Отаму наведуваат дека ќе изнесат дополнителни детали доколку се потврдат соменавањата што се предмет на истрагата.