дома Актуелно Филипче најави враќање на учениците во училишните клупи

Филипче најави враќање на учениците во училишните клупи

Mинистерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека Министерството за здравство подготвува протоколи за сите деца да се вратат во училишните клупи на 1 септември. 10.000 наставници веќе се вакцинирани, до септември се очекува бидат вакцинирани и останатите 20.000. Тој најави дека за две недели ќе бидат познати деталите како ќе изгледа новата учебна година.

-Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови – рече Филипче.

Во однос на доделувањето на свидетелствата, министерот истакна дека епидемиолошката состоја е стабилна и дека нема никаква пречка нивното доделување, кое, како што истакна тој, може да се направи и во училишните дворови.