дома Социјални Мрежи Филипче присуствуваше на првиот роденден на Лара, ќерката на жената чии органи...

Филипче присуствуваше на првиот роденден на Лара, ќерката на жената чии органи спacија три животи

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес присуствуваше на првиот роденден на малата Лара, ќерка на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези. Донираните органи спасија три животи.

Министерот и го честиташе роденденот на Лара и и посака секогаш да биде здрава, безгрижна и насмеана.

„Среќен роденден Лара ❤️ Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша министерот на својот фејсбук профил.