дома Македонија ФИЛИПЧЕ СО ТРИКОВИ: Стоматолозите може да работат, но да не употребуваат алат

ФИЛИПЧЕ СО ТРИКОВИ: Стоматолозите може да работат, но да не употребуваат алат

Стоматолозите со кои поразговаравме велат дека добиле зелено светло за работа но во суштина со големи рестрикции кои не им дозволуваат да работат. Појаснуваат дека протоколот е прилично нејасен односно се бара да ги откажат сите третмани кои бараат вклучување на турбинот, што практично значи отклажување на сите пациенти кај кои се потребни интервеции со машините. Стоматолозите алармираат министерот и комората да ги олабават мерките и да им дадат јасни и недвосмислени насоки за да не се соочат со казни од инспекции.

Од Стоматолошката комора, не одговорија на нашето прашање околу протоколот. Инаку, Во протоколот, за кој имаше голем број реакции, се наведува дека сите стоматолошки услуги можаат да се извршуваат и дека нема забрани. Но, во истовреме се бара стоматолозите да ги одложат сите третмани кои што може да генерираат аеросоли што може да вклучуваат значителна употреба на високотуражни насадни инструменти – ултразвучни инструменти и хируршки насадни инструменти.

Стоматолози со кои контактиравме велат дека и во ситуација на чистење на кариес на пример, повторно е потребно да се вклучат машините и оти за нив протоколот наместо да ја олесни им ја отежува работтата. Некои од нив велат велат и дека се оставени сами на себе без доволно заштитна опрема.