October 6, 2022, 1:59 am

Филипче ја злoyпoтpeби дoвepбaтa на лeкapитe: Haпaдитe cтaнyвaaт ceкojднeвиe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венко Филипче ги излажа лекарите и медицинските работници. Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари и е загрозен нивниот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нападите врз лекарите се почести од кога и да е порано.

-Филипче на 18-ти септември на протест на лекарите и медицинските работници под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ на кој и самиот лицемерно присуствуваше вети дека ќе обезбеди физичко обезбедување на болниците и дека нема да дозволи нови лекарски жртви. Филипче излажа. Беше ветено 24 часовно обезбедување на болниците и видео надзор со цел да нема напад врз лекарите, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче ја злоупотребил довербата на лекарите.

– На протестот на лекарите Филипче вети и дека ќе го изедначи нападот врз лекар и медицинско лице со нападот врз службено лице, и ќе влезе во закон како најригорозно регулирано, за никој да не се осмели да нападне лекар. Тоа не е случи. Лекарите се жртви на напади и понатаму. Филипче ги излажа и изманипулира лекарите. Филипче вети и не реализира. Време е Филипче да понесе одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This