Филипче: Cитe иcпитyвaња oдaт вo нacoка дeкa ќe бидe пoтpeбнa тpeта дoзa oд вakцинaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во земјава во моментот има околу 300 илјади дози вакцини и објасни дека секоја недела пристигнува континуирана пратка од „Фајзер“, од 30-40 илијади дози.

„Имавме состанок со нив, со претставници на таа компанија. Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече министерот за здравство.

Во своето обраќање Филипче појасни дека никогаш, ниту тој, ниту бил кој здравствен работник во светот не кажал дека вакцината целосно штити од вирусот, туку дека штити од тешка форма на болеста и 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од коронавирусот.

„Точно знаеме како се лекуваат сите пациенти и сите се лекуваат по протоколи и со модерни лекови. Најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани и тоа е проблемот. Околу 9% од смртните случаи кај нас се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети“, појасни тој.

Според него, секаде во регионот болниците се оптоварени со невакцинирани пацинети.

„Разговараме со колегите од другите земји, и секаде болниците се оптоварени со невакцинирани. И од тука не можеме да ја предвидиме ситуацијата во пандемијата, веројатно ќе има нови соеви, но вакцината е таа што штити од смртен исход или тешка форма на болеста“, увери Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This