дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипчe пoтвpди: Co cитe вakцини имa хocпитaлизиpaни пaциeнти

Филипчe пoтвpди: Co cитe вakцини имa хocпитaлизиpaни пaциeнти

На денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека со сите вакцини има хоспитализирани пациенти.

Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти. Имаме и со Фајзер, и со Спутник, и со кинеската, имаме и пациенти од странство кои се вакцинирале во странство со Модерна, значи во тој дел нема некоја разлика, изјави министерот Филипче.

Министерот за здравство додава и дека најголем број на хоспитализирани вакцинирани пациенти се со примена една доза. Објаснува дека е потребно е време за да се развие имунитет.