дома Култура ФИЛМОТ ШТО ИСПИША ИСТОРИЈА: „Медена земја“ ќе се прикажува во македонските киносали...

ФИЛМОТ ШТО ИСПИША ИСТОРИЈА: „Медена земја“ ќе се прикажува во македонските киносали до февруари

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Котевски, кој доби историски две номинации за најпрестижната награда „Оскар“ продолжува да се прикажува во скопското кино „Милениум“ и во Кинотека.

Во „Милениум“ ќе игра до свечената церемонија во Холивуд на 10 февруари. Влезницата чини 150 денари.

Во Кинотека „Медена земја“ ќе се прикажува до 18 јануари, во два термини од 18 и од 20 часот. Билетот чини 100 денари.

„Медена земја“ испиша историја откако доби номинација и за најдобар документарец и за најдобар странски филм, што не се случило во 92-годишното постоење на Оскарите.