дома Македонија ФИЛМСКО БЕГCTBO НА ЗАТВOPEНИК ОД ИДРИЗОВО: Неофицијално се упатил кон „авионcka база“...

ФИЛМСКО БЕГCTBO НА ЗАТВOPEНИК ОД ИДРИЗОВО: Неофицијално се упатил кон „авионcka база“ Арачиново

Вистинска драма попладнево се случувала во скопска населба Автокоманда. Инфомакс дознава дека побегнал затвореник од затворото во Идризово.

Неофицијално се работи за лицето Ф.А. кој својата казна ја отслужувал во затворот во Идризово. Ф.А. во повеќе наврати се жалел на здравствени проблеми, по што затворската управа одлучила да му дозволи да биде прегледан во една од скопските клиники. По прегледот на затвореникот на пат назад кон затворот, затвореникот побарал полициското комбе да запре за да оди до тоалет во една од бензиските која се наоѓала на патот.

Откако комбето запрело две лица вооружени со калашникови го впериле оружјето кон полицајците и му помогнале на Ф. А. да побегне па заедно со него во црн Мерцедес неофицијално се упатиле кон Арачиново.