дома Политика ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА ПРАВИ ВЕШТАЧЕЊА ЗА СУДОТ: Судијата Горан Бошевски прифати вештачење...

ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА ПРАВИ ВЕШТАЧЕЊА ЗА СУДОТ: Судијата Горан Бошевски прифати вештачење направено од компанија без лиценца, каде управител е Бузлевски

Компанијата без лиценца Еос која е со меѓународна испостава направила вештачење кое СЈО го користи како доказен материјал, пренесува порталот Денешен.

„Денешен“ дознава дека компанијата Еос нема лиценца во Македонија за вештачење, а управител е функционерот на СДСМ и поранешен градоначалник Димитар Бузлевски.

Истовремено, еден од вештаците бил и човек со средно образние, но и покрај овие факти судијата Горан Бошевски го прифати вештачењето на СЈО што во суштина е направено од фирма која не можела да врши ваква дејност.