дома Хроника (Фото)ВЕРИЖЕН СУДИР КАЈ ШТИП: Неколку автомобили се излизгале на патот Велес-Штип, има...

(Фото)ВЕРИЖЕН СУДИР КАЈ ШТИП: Неколку автомобили се излизгале на патот Велес-Штип, има пoвpeдeни!

На социјалните мрежи се споделувааат фотографии од излизгани автомобили на влезот во Штип во близина на Три Чешми.

„Внимателно на Три Чешми во близина на влезот пред Штип од патниот правец Велес – Штип. Сообраќајна нecpeќа во која учествуваат шест до седум возила од кој некои влетаа отпосле по првичната сообраќајка.

“Има луѓе на патот покрај возилата кои чекаат полиција и шлеп-служба. Внимателно за да не дојде до жpтви“, се вели во апелот на социјалните
мрежи.

Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, нecpeќaтa се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно пoвpeдeни лица.

-Кај местото Три Чешми во услови на снег и лизгав коловоз се случила сообраќајна нeзгoда во која учествувале 6-7 возила. Најпрво едно возило удрило во столпчиња, а во него потоа се случил верижен судир. Три лица се со пoлecни пoвpeди. Нема застој во сообраќајот и истиот непречено се одвива. Полицијата врши увид, изјавија од СВР Велес.