дома Арсенал (Фото+Видео)БРУТАЛНА МОЌНОСТ: Погледнете ги иницијалните тестови на најмодерниот руски авион Т-50 ПАК...

(Фото+Видео)БРУТАЛНА МОЌНОСТ: Погледнете ги иницијалните тестови на најмодерниот руски авион Т-50 ПАК ФА!

Нови снимки и фотографии се појавија од прототипот на најсофистицираниот јуришен авион од петта генерација Т-50 ПАК ФА на официјалниот сајт на производителот. Фотографиите се направени за време на тестирањето во фабриката во градот Комсомолск-на-Амур, каде што може да се види првиот лет на прототипот на поделот Т-50 ПАК ФА. Авионот е развиван од една од водечките воздухопловни компании, Сухој, со цел заемна за Сухој СУ-27 кој во моментот е во служба

Прототипот го направи првиот лет на 17-ти Ноемви, пренесува воениот блог БМПД, но информациите не беа службено потврдени. Воениот авион ќе биде опремен со напредна радарска технологија, стелт технологија и моќни 9-А1-4071К топови со дострел од 1.800 метри со брзина на испукување од 1.800 куршуми во минута.

Авионот кој се смета за ремек дело на технологијата, ќе чини околу 50 милиони долари по парче, а високата цена е оправдана со способностите на авионот. Максималната брзина на авионот ќе биде 1.516 милји (2,440 километри на час) со борбен дострел од 3.418 милји.

Одбрамбените аналитичари прават споредба со најмодерниот американски воен авион Ф-22 Раптор, што придонесе магазинот „Нешнл Интерест“ да му го даде приматот на Т-50 ПАК ФА.