September 26, 2022, 9:25 pm

(Фото+Видео) Гoлeм пoжap вo близинa нa Кopинт вo Гpција – eвaкyиpaни нeкoлкy ceлa и мaнacтиpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку шест села и два манастири беа превентивно евакуирани, поради големиот пожар што изби доцна синоќа во близина на Коринт во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката противпожарна служба со 182 пожарникари, седум пешадиски тимови, 62 возила, со 17 авиони, три хеликоптери и со помош на цистерни од општината и волонтери, се обидува да го стави под контрола пожарот.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека прават се што можат за да се ограничат огнените јазици.

Пожарот е во планински дел, а полицијата во одредени делови го прекина сообраќајот за возила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This