дома Македонија (Фото+Видео) ХЕРОЈ: Избегната кaтacтpoфа во центарот на Скопје, вработен на “Макпетрол” спречи...

(Фото+Видео) ХЕРОЈ: Избегната кaтacтpoфа во центарот на Скопје, вработен на “Макпетрол” спречи eкcплозиja

Вистинска катастрофа била избегната во центарот на Скопје, на бензинската пумпа која се наоѓа наспроти соборниот храм. На бензинската пумпа избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија, полицијата го блокирала пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска – објави порталот “Лидер”.

 

Херојот на денот е еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.

За неговиот херојски чин, за “Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.

-Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита. – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.

До “Лидер” граѓаните доставија и видео од хаосот кој се случувал на улиците на Скопје.