дома Европа (Фото+Видео) Cтpaшeн пoжap бecнee во Северна Ирска: Ha пoмoш дојдoa хeликoптepи oд...

(Фото+Видео) Cтpaшeн пoжap бecнee во Северна Ирска: Ha пoмoш дојдoa хeликoптepи oд Велика Британијa

Повеќе од 70 пожарникари и 10 противпожарни возила од цела Северна Ирска веќе втор ден го гаснат пожарот на тежок терен на планината Морн.

Објава на Твитер може да погледнете ТУКА.

Во напорите ќе се приклучат и хеликоптери од Велика Британија и Ирска, пренесува АП.

Пожарот беснее од петокот наутро во областа Донард Басен – највисоката точка во Северна Ирска, со врв од 850 метри.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Службата за противпожарна и спасувачка служба во Северна Ирска ги повика луѓето да се држат настрана од областа.

Премиерот на Северна Ирска, Арлин Фостер рече дека пожарот е „разорувачки и трагичен“, додавајќи дека влијанието врз локалниот див свет е „незамисливо“.

Помошникот началник на противпожарната служба Ајдан Џенингс изјави дека причината за пожарот во моментов не е позната, но истакна дека ваквите појави се „главно предизвикани од човечко однесување“.

Тој рече дека пожарникарите носат опрема за лична заштита и патуваат до час и половина за да се искачат по падините.

Објава на Твитер може да погледнете ТУКА.

Џенингс изјави дека пожарот се движел брзо, притиснат од источниот ветер.

Времето беше релативно суво во последните неколку недели, додава АП.

Извор: slobodenpecat.mk