дома Актуелно ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА БЛАГОДАТНИОТ ОГАН: За прв пат МПЦ-Охридска Архиепископија сама...

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА БЛАГОДАТНИОТ ОГАН: За прв пат МПЦ-Охридска Архиепископија сама го донесе Благодатниот oгaн од Ерусалим во Македонија

За првпат МПЦ-ОА сама го донесе Благодетниот oгaн од Ерусалим во земјава за Велигден со помош на Бугарската православна црква. Макеоднскиот епископ Јаков денес заедно со делегацијата на Бугарската православна црква со авионот на бугарската влада отпатува во Ерусалим и преку Софија, во земјава за првпат го донесе велигденскиот oгaн. Бугарските медиуми пренесуваат дека епископот Јаков во земјава ќе донесе два фенери со oгнoт од Ерусалим, придружуван од Емил Велинов, директор на бугарската владина Дирекција за религија.


Одлуката македонски епископ да се приклучи во делегацијата на БПЦ за Ерусалим е донесена на 3 април на состанокот на бугарскиот Митрополитот Кипријан, кој ја предводи бугарската делегација, со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Митрополит Кипријан инаку е прв човек на Комисијата за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Учеството во македонски епископ во делегацијата било на мoлбa на МПЦ-ОА.