дома Локално (Фото)ЕВЕ МЕРКИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО: Во Тафталиџе се сечат куп дрва за да...

(Фото)ЕВЕ МЕРКИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО: Во Тафталиџе се сечат куп дрва за да никне зграда

Социјалните мрежи вријат откако општината Карпош покажа на дело како не знаат да управуваат со општината иако ветуваа живот за сите.

Од ветувањата во Карпош за грижење на зеленилото и за квалитетот на животот на Карпошани останаа само празни ветувања, а делата на градоначалникот говорат нешто сосема спротивно.

– Баш е фино кога општината се грижи за зеленилото и за квалитетот на живот на своите граѓани
Чума поморија, најмалку 10, 30-сет годишни дрва на Булеварот Теодосиј Гологанов, кај Веро во Тафталиџе!!!

Кај сте паркобрани!
Или – НЕМА КЕШ, НЕМА ПАРКОБРАНИ!!!, пишува на својот Фејсбук статус актерот Роберт Вељановски.