дома Македонија (Фото)ПРОГЛАСЕН ЗА ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Летонскиот џин ја иcкина мрежата на Барселона!

(Фото)ПРОГЛАСЕН ЗА ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Летонскиот џин ја иcкина мрежата на Барселона!

Даинис Криштопанс ја понесе наградата МВП на дуелот помеѓу Вардар и Барселона. Летонскиот џин е еден од најзаслужните за големиот пресврт и за победата на црвено-црните, со 10 погодоци.

Вардар го шокиpаше фаворитот Барселона во второто полуфинале во Келн, и со историски пресврт во последните 15 минути од мечот славеше со 27-29.

Еден од најзаслужните за ова беше Даинис Криштопанс, летонскиот џин постигна 10 погодоци од 14 обиди, а посебно беше расположен за игра во вториот дел, па сосема заслужено беше прогласен за играч на мечот.