дома Хроника (Фото)СНЕГОТ ЈА ПAPAЛИЗИPAШЕ МАКЕДОНИЈА: Затворен автопатот Велес-Скопје, Плетвар блокиран, Стража затрупана, власта...

(Фото)СНЕГОТ ЈА ПAPAЛИЗИPAШЕ МАКЕДОНИЈА: Затворен автопатот Велес-Скопје, Плетвар блокиран, Стража затрупана, власта мува не ја лази

Патниот правец Велес-Скопје на делот од наплатна рампа Отовица кон Скопје од 16:50 часот е затворен за сообраќај, поради расчистување на снег од коловозот, информира АМСМ.

Оттаму нагласуваат дека од 17:00 часот е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка-Граничен премин Деве Баир.

А, најнова информација од патиштата низ Македонија е дека кај Плетвар сообраќајот е блокиран.

Снегот кој денеска ја блокираше Македонија очигледно ја изненади и власта која никако да се справи со снегот кој по втор пат заврна во Македонија во рок од две недели.

Социјалните мрежи вријат со фотографии и видеа од катастрофалните патишта кој буквално се затрупани под снег, погледнете.