дома Локално (Фото) БЕЗ КОМЕНТАР: Вака изгледаше Плоштадот по концертот на Дино Мерлин

(Фото) БЕЗ КОМЕНТАР: Вака изгледаше Плоштадот по концертот на Дино Мерлин

Новогодишната забава на плоштадот Македонија, cyдејќи според фотографиите, била место каде многумина жители на Скопје, но и на останатие градови ја дочекале новата 2020. Сепак, фотографиите по настапот на Дино Мерлин сведочат дека забавата им била многу поважна од запазувањето на јавната хигиена.

На социјалните мрежи беа споделени повеќе фотографии на кои може да се види дека по заминувањето на граѓаните, на плоштадот останала огромна количина на ѓубре и тоа лименки, шишиња, пакувања од храна и слично.

За жaл, многумина коментирајќи ги овие навики доаѓаат до заклучокот дека ако сакаме да имаме чист град, секој жител, па и посетител, мора да придонесе за тоа со своето одговорно однесување.