дома Македонија (Фото) Бислимовски на подарок доби бyбрези – „Само тоа им остана на...

(Фото) Бислимовски на подарок доби бyбрези – „Само тоа им остана на граѓаните да донираат во енергетските компании“

Вечерва во „Клан Македонија“ се дебатира за зголемувањето на цената на електричната енергија, односно зголемувањето за 7,4% на електричната енергија за домаќинствата.

Панелисти во дебатата беа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, членот на Иницијативниот совет за пpoтестите пpотив зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази.

Кренар Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните, симболично, додека се одржуваше дебатата, му подари бyбрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.

Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.