дома Балкан (Фото) БОС И ПО ШОРЦЕВИ: Вака Еди рама се појави на официјално...

(Фото) БОС И ПО ШОРЦЕВИ: Вака Еди рама се појави на официјално интервју со странски новинар

Албанскиот премиер знае да изненади со несоодветни додатоци на гардеробата на официјалните настани. До сега негов најпрепознатлив знак беа патиките кои ги носеше и на официјалните посети во Брисел со сако и панталони.

Овој пат Еди Рама се надмина самиот себе си откако пречека новинар само по маичка и шорцеви и без обувки. Иако е лето и температурите се многу високи, сепак овој изглед не е соодветен за официјална средба со претставник од медиумите.

Новинарот пак, изненаден од изгледот, ја сподели фотографијата на својот твитер профил со коментар „Ова не беше баш обично интервју. Премиерот не пречека со шорцеви и босоног“.

https://twitter.com/jackeparrock/status/1159165886097502208