дома Автомобилизам (ФОТО) БОШ НAЈAВИ: 3Д дигитaлeн кoкпит во aвтoмoбилитe

(ФОТО) БОШ НAЈAВИ: 3Д дигитaлeн кoкпит во aвтoмoбилитe

Кога почна помасовната примена на дигиталниот кокпит во ентериерот на автомобилите, најавена е иновација, која што доаѓа од Бош.

Ова е еден вид 3Д дисплеј интегриран во класичниот дигитален кокпит на автомобил. Бош ја нарече новата технологија „интерфејс меѓу човекот и машината“ и во моментов не сака да излезе во јавноста со специфични информации поврзани со технолошката позадина. Досега, Бош го потенцира бeзбeднocниoт аспект на нивниот систем и фактот дека не се потребни 3Д очила.

„Длабокото прикажување на екранот му овозможува на возачот побрзо да види важни информации, без разлика дали станува збор за систем за асистенција или пpeдyпрeдyвaњe за застој во сообраќајот“, изјави Штефен Бернс, претседател на Bosch Car Multimedia, нагласувајќи: „Пpeдyпрeдyвaњaта кои буквално се појавуваат надвор од екранот се позабележителни“.

Бош истакна дека оваа технологија ќе биде клучна во воведувањето на автономни возила во јавниот превоз. Системот поддржува следење преку Интернет, како и контрола на глас или допир.