Вистинска драма попладнево се случува на социјалните мрежи откако европратеникот Џамбаски се конфронтираше со македонскиот претседател Пендаровски.
Бугарскиот европратеник се налути на изјавата на Пендаровски која ја пренесе Инфомакс, а се однесува на неговото фашистичко однесување.
Тој истакна дека Бугарија нема да отстапи од своите ставови кон Македонија.
„Претпоставувам дека тоа е некој вид несмасна форма на подмачкување. Жално e, и тажно е да се зборува за фашизам кога во Македонија се газат правата на Бугарите секој ден. Треба да ви биде јасно дека не сакаме да отстапиме ни милиметар од нашата позиција“. – пишува Џамбаски во својата објава.
