дома Балкан (Фото) Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама

(Фото) Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, организираше вечера за премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев, во ресторанот „Земоно“ на почесниот конзул на Србија во Словенија, Томаж Кавчиќ.

Вучиќ, кој утре ќе учествува на Стратешкиот форум Блед, им се заблагодари на Кавчиќ и Словенија за гостопримливоста на сметката на Инстаграм „buducnostsrbijeav“.

„Ова до мене е Томаж Кавчиќ, почесниот конзул на Србија во Словенија. Се наоѓаме во неговиот ресторан „Земоно“, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во Земон со помош на Томи морам сѐ добро да подготвам, а оваа мангулика во леб е посебен специјалитет“, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.