дома Сцена (ФОТО) ГО ПОКАЖА РАМНИОТ CТOМAК: Елса Хоск во ултрамодерен костим

(ФОТО) ГО ПОКАЖА РАМНИОТ CТOМAК: Елса Хоск во ултрамодерен костим

Швеѓанката Елса Хоск, ангелот на „Викторијас сикрет“, се пофали со својот тониран рамен cтoмaк во дводелен костим панталони и кусо сако, спој на префинета елеганција и женственост.

31-годишната манекенка беше на прошетка во Њујорк, а сивиот пругаст комплет искомбиниран со куса црна блуза беше вистинскиот избор – двојна дoзa ceкcaпил.

Изгледот го дополни со црн ремен со голема златна тока, црна чанта Боттега Венета со дебел златен ланец, и елегантни темни очила за сонце.

Елса претходно овој месец одеше по модната писта на ревијата на американскиот дизајнер Лакван Смит во текот на Модната недела во Њујорк.

Таа исто така беше ангажирана и за Модната недела во Милано минатата недела.