дома Спорт (Фото) Еве каде ја мина Eвропскиот трофеј ноќта

(Фото) Еве каде ја мина Eвропскиот трофеј ноќта

Репрезентацијата на Италија ја освои титулата на Европското првенство, откако во финалето на „Вембли“ по подобро изведување на пенали ја победи Англија.

Џорџо Кјелини како капитен на „Аѕурите“ прв го крена трофејот, а потоа беше неразделен со него. Фудбалерот на Јувентус патуваше со пехарот, за потоа да заврши и во кревет со него. Секако, тука е и неговиот долгогодишен партнер од одбраната, Леонардо Бонучи.

Дефанзивците кои се тимски колеги од Јувентус и репрезентацијата на Италија во изминатата деценија се пофалија со фотографија од трофејот во кревет, а Бонучи напиша:

„Не грижете се, трофејот е на безбедно. Ние го браниме“.

Оваа фотографија своја премиера имаше по Мундијалот во Германија во 2006 година, кога пехарот ноќта ја мина со капитенот Фабио Канаваро.