дома Сцена (Фото) Живее во вила со базен, но во дворот пече пиперки- оваа...

(Фото) Живее во вила со базен, но во дворот пече пиперки- оваа српска пејачка лежи на пари, но ајвар не сака да купи и го прави сама

Пејачката Сека Алексиќ ужива со семејството во нејзиниот дом во Стара Пазова.

Сека своето слободно време го поминува дома, каде ужива со своите синови Јаков и Јован и сопругот Вељко, а фотографијата што ја објави исто така покажува дека не се штеди од домашните работи.

Сека позираше во својот двор во влечки и тренерки додека печеше пиперки.

„Малку кифлички, малку ракија, малку пиперки и така во круг“, напиша насмеаната Сека, а во коментарите, следбениците беа воодушевени: „Честитки, ти си вистинска домаќинка“.