дома Европско првенство (Фото) Заеви на трибините во Амстердам, ги бодрат македонските репрезентативци

(Фото) Заеви на трибините во Амстердам, ги бодрат македонските репрезентативци

Премиерот Зоран Заев и неговата соприга Зорица се на трибините во Амстердам на мечот помеѓу македонската и холандската фудбалска репрезентација.

„Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот. Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на “гостински” терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денессе уште поблиски. Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци. Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас.“ напиша Заев на фејсбук.