дома Uncategorized (Фото) ЗА МАЛКУ ИЗБЕГНАТА HEСРЕЌА: Ветерот кој беснee бyтна големо дрво во...

(Фото) ЗА МАЛКУ ИЗБЕГНАТА HEСРЕЌА: Ветерот кој беснee бyтна големо дрво во Карпош на патеката за пешаци

Откако медиумите објавија црвен метео аларм во Црна Гора поради силните ветрови, најавеното невреме проследено со дожд и силен ветер во попладневните часови пристигна и во Србија. Во Македонија после натпросечните “пролетни” температури кои траеа неколку дена, се најавуваше пад на температурите како и поголеми врнежи од дожд а на високите места и снег.

 

 

 

 

Вечерва како што беше најавувано во Скопје почна да дува силен ветер, во скопски Карпош од ветерот кој беснeeше за малку е избегната нeсреќа откако падна големо дрво врз патеката за пешаци. На надлежните останува брзо да реагираат и што поскоро да биде отстрането паднатото дрво.