дома Социјални Мрежи (Фото) За мене сте шампиони на светот: Србин со најубавиот коментар за...

(Фото) За мене сте шампиони на светот: Србин со најубавиот коментар за настапот на Македонија на Европско

Србин го има убедливо најубавиот коментар за настапот на Македонија на Европското првенство во фудбал.

Тој накратко вели дека со својот настап на ЕП македонската репрезентација е шампион на светот.

Погледнете:

-Она што момците Македонци го покажаа, се вика чест и бескрајна љубов кон дресот. Бескрајно тагував иако знаев дека Украина ќе победи, што немаше барем реми. Момците кои сакаат да се нарекуваат наши репрезентативци им посакувам само едно – да го сретнат некогаш Горан Пандев и да го прашаат од каде му е силјата и волјата скоро во 4-та деценија на животот да истрча 90 минути. Да помогне од чиста љубов кон дресот и народот и затоа помина Шкотска во Белград иако реално се послаби од Србија. Се изгуби љубовта, а без љубов нема репрезентација. Да поради искрената љубов која момците Македонци ја покажаа на целиот свет за мене се шампиони на Европа и Светот.