дома Македонија (Фото) КАДЕ Е НАЈВИСОКА, А КАДЕ НАЈНИСКА ИЗЛЕЗЕНОСТА: Излезеност во Македонија до...

(Фото) КАДЕ Е НАЈВИСОКА, А КАДЕ НАЈНИСКА ИЗЛЕЗЕНОСТА: Излезеност во Македонија до 10 часот

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска.

Таа додаде дека на гласање до 10 часот излегле 99.192 гласачи.

Според ДИК, гласањето во првите три и пол часа се одвива мирно.

Во првиот круг од изборите до 10 часот излезеноста изнесуваше 6,05 отсто.

Највисока излезност е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово.

Најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње.